Филипче: Барам апсолутно поголема ажурност од МВР и санкции, можно воведување рестриктивни мерки на некои места

Фото: Слободен печат

Информациите кои ги добивме од терен за непочитување на мерките беа индикатор да напрљвиме контроли вчера за степенот на почитување на мерките и генерално за спроведување на процесите со епидемиолошките препораи. Надзор во Тетово во локалниот центар з ајвно здравје и во Штип, изјави Филипче.

Имаме 661 тестирање во последни 24 часа, 52 позитивни. Имаме 4 починати, двајца на Инфективна и 8 септември и излекувани 30 пациенти. Вкупната бројка на дијагностицирани е 2129, оздравени 1516 и починати 126 и 487 активни случаи, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната пресконференција.

– Процентот на заразени во изминатите 14 дена изнесува 5,5 отсто и тука се калкулираат и тестовите од скринингот. Здравствениот систем е во добра кондиција исполнет е 11 осто од капацитетот, инциденцата е 10, 3 проценти 3 пати помала од пикот во април но продолжуваме да го пратиме. Има 15 градови во кои биле регистрирани случаи, а сега веќе нема и во 6 града до 5 активни случаи. Зголеем број на случаи е од познати кластери, но има и нови во неколку општини – изјави Филипче.

Информациите кои ги добивме од терен за непочитување на мерките беа индикатор да напрљвиме контроли вчера за степенот на почитување на мерките и генерално за спроведување на процесите со епидемиолошките препораи. Надзор во Тетово во локалниот центар з ајвно здравје и во Штип.

Од Тетово е констатирано дека не с епочитува самоизолацијата и на сите изречени мерки – маски и дистанца. Од Штип непочитување на правилото за трансппорт особено за конфекциите, еден погон е затворен, но во транспортот се возат од сите околни места и не се почитува правилото за процент на пополнетост и носење маски. Во таа една конфекција има 17 заболени и 70 контакти во изолација. Уште еден проблем е одбивањето на соработка од страна јна пациентите, даваат лажни информации и тешко се доставуваат решенија за самоизолација. Новодијагностицираните се заразени во период кога имаше строги мерки во однос на движење и беа в важење истите мерки за превенција. Загрижува што има информации за граѓани кои и со решени за самоизолација се шетаат надвор и барам апсолутно поголема ажурност од МВР и санкции на оние кои неги почитуваат мерките.

Сакам да порачам јасно дека повторно ќе воведеме рестрикции на некои места согласно бројот на дијагностицирани ако епидемиолошката состојба тоа го наложи. Ќе анализираме податоци и во следните денови и врз основа на тоа ќе носиме одлуки, објасни Филипче.

– Во моментот локализираните кластери немаат потреба за тоа, но будно следиме.
Ги олабавивме мерките, се укина полицискиот час но со почитување на мерките за заштита и тоа е единствен начин за излез од криза. Не межеме вечно да живееме со рестрикција. Жал ми е што има луѓе што ова не го разбираат. Огромна одговорност има и на граѓаните. Почнавме да ги отвораме бизнисите како сите земји во регионот. Останува на сите нас да сме свесни за одговорноста за да можеме да го нормализираме животот – соопшти министерот Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот