ФИФА одлучи: Црвена Звезда ќе игра на Косово!

Youtube/Ultras Avanti

Црвена Звезда својот натпревар против Трепча од Косовска Митровица, во рамките од 1/16 финалето во фудбалскиот Куп на Србија ќе го игра на Косово.

Оваа информација ја пренесува порталот „Косово Онлајн“, повикувајќи се на писмото кое го испратил генералниот секретар на ФИФА, Матијас Графстрем.

Тој писмено уште на 20 септември го информирал претседателот на Фудбалската федерација на Косово, Агим Адеми дека мечот помеѓу Трепча и Црвена Звезда може да биде одигран на Косовска Митровица.

Во писмото кое во име на ФИФА го потпиша заменикот на генералниот секретар Матијас Графстрем таа организација се повикува на одлуката на Арбитражниот суд за спорт (ЦАС) од 24 јануари 2017 година.

– Конкретно, споменатата одлука под точка 107 наведува дека: „Фактот дека одредени одредени клубови на северот на Косово во моментот играат под покровителство на Фудбалската федерација на Србија, не ја руши општата ораганизациска власт на ФФК на територијата на Косово, што е и потврдено со пријавата за нејзино членство. Земајќи ги во предвид горенаведените постапки и во интерес на фудбалот, сакавме да ја охрабриме Фудбалската федерација на Косово да ги повлече барањата доставени до косовските безбедносни институции, со што натпреварот помеѓу ФК Трепча и ФК Црвена Звезда ќе може да биде одигран на 5 октомври – се наведува во писмото на ФИФА до кое дојде „Косово Онлајн“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот