ФИФА нема милост за расизмот, Унгарците ќе играат пред празни трибини

Англичаните беа мета на напади на расна основа од унгарските навивачи/ Будимпешта, Унгарија/ септември 2021 година/ фото: EPA-EFE/Tibor Illyes

ФИФА ја казни фудбалската федерација на Унгарија поради инцидентите кои се случија на „Ференц Пушкаш“ Арената во Будимпешта против селекцијата на Англија во рамки на квалификациите за пласман на СП 2022 година.

Унгарските навивачи на натпреварот кој се играше на 2. септември на расна основа ги навредуваа англиските фудбалери, а ФИФА денеска ја одреди казната за таквиот испад, парична казна од 180.000 евра и два Унгарија два натпревари ќе игра пред празни трибините.

Светската фудбалска федерација покрена истрага откако Рахим Стерлинг и Џуд Белингем изјавија дека кон нив биле упатени мајмунски извици. Натпреварот се играше пред полн стадионот, 60.000 унгарски навивачи беа присутни на „Ференц Пушкаш“ Арената бидејќи унгарската влада ги укина речиси сите ограничувања поврзани со пандемијата на коронавирусот.

Фудбалската федерација на Англија веднаш по натпреварот вложи жалба до ФИФА и бараше тврдењата на Стерлинг и Белингем да се испитаат. Исто така ФА истакна дека не е задоволна од однесувањето на унгарските навивачи додека англиските фудбалери клечеа во знак на поддршка на борбата против расизмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот