ФИФА го затвори случајот против Франц Бекенбауер
Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја затвори истрагата за мито против германската фудбалска легенда, Франц Бекенбауер поради застареност на случајот.
Бекенбаер заедно со неколку германски официјални лица кои учествуваа во организацијата на Светското првенство 2006 година, од 2016 година беа под истрага на етичкиот суд на ФИФА. Случаите против поранешните членови на извршниот одбор на ФИФА, Тео Цванцигер и Хорст Шмид, исто така се затворени поради застареност.
Случајот против Бекенбауер со водеше поради сомнителните финансиски трансакции помеѓу организаторите на Светското првенство, членовите на ФИФА и претставникот на катарската фудбалска федерација, Мохамед Бин Хамам.
Конкретно, Бекенбауер беше обвинет дека му дал мито во висина од 10 милиони швајцарски франци на Мохамед Бин Хамам во 2022 година, сооопшти етичкиот суд на ФИФА.
Швајцарскиот федерален суд исто така водеше истрага за овој случај, но тој во април минатата година е затворен, исто така поради застареност на делото.