ФИФА донесе одлука за договорите на играчите и исплатите на трансферите

твитер

Светската фудбалска федерација донесе одлука според која е одлучено да се продолжат актуелните договори на фудбалерите до крајот на сезоната.

ФИФА во интерен документ на кој работеше посебна работна група задолжена за коронавирусот, донесе одлука според која важечките договори на играчите и тренерите треба да се продолжат се до завршување на натпреварувањата кои во моментов се прекинати.

Во истиот документ има предлог да се променат термините за преодните рокови кои би требало да се усогласат со датите на стартот на новата сезона, а од клубовите и фудбалерите се бара заеднички да работат на пронаоѓање решение за платите за време на паузата.

„Во случај да дојде до преклопување на две сезони и/или регустрација на фудбалери, приоритет му се дава на поранешниот клуб кој би требало да ја завршии сезоната со оригиналниот тим за да се зачува интегритетот на домашните првенства. Тоа правило нема да вреди доколку сите заинтересирани страни се согласат за поинакво решение.

Исплатите на трансферите помеѓу клубовите треба да бидат одложени се до почетокот на новата сезона“, стои во документот на ФИФА во кој исто така се препорачува користење на новоформираниот „Фонд за професионални фудбалери“, за да им се помогне на екипите кои имаат финансиски проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот