ФИА го одобри Ф1 календарот за 2020 година

twitter.com/F1

Меѓународната автомобилска федерација официјално го одобри календарот за сезоната 2020 во Формула 1. Шампионатот ќе има 22 трки, го нема германското гран-при, но ќе има две нови трки – Холандија и Виетнам.

И наредната сезона ќе започне за Големата награда на Австралија на 15 март 2020 година, а ќе заврши во Абу Даби на 29 ноември.

Виетнам ќе биде домаќин на трката во Формула 1 на улиците на Ханој за првпат на 5 април, додека Холандија после 35 години се враќа во календарот на ФИА.

Гран-при на Азербејџан е преместено на 7 јуни, додека Шпанското Гран-при ќе се одржи на 10 мај.

Календар за сезоната 2020:

15 март – Австралија
22 март – Бахреин
5 април – Виетнам
19 април – Кина
3 мај – Холандија
10 мај – Шпанија
24 мај – Монако
7 јуни – Азербејџан
14 јуни – Канада
28 јуни – Франција
5 јули – Австрија
19 јули – Велика Британија
2 август – Унгарија
30 август – Белгија
6 септември – Италија
20 септември – Сингапур
27 септември – Русија
11 октомври – Јапонија
25 октомври – САД
1 ноември – Мексико
15 ноември – Бразил
29 ноември – Абу Даби

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот