ФИА донесе одлука: Себастијан Фетел дисквалификуван во Унгарија

Фото: EPA-EFE/Zoltan Balogh

Себастијан Фетел беше дисквалификуван од трката за Големата награда на Унгарија, откако судиите утврдија дека останало премалку гориво во неговиот болид за земање примерок по трката.

Германецот заврши втор зад победникот Себастијан Окон во хаотичната трка на „Хунгароринг“, што беше негов втор подиум оваа сезона по Баку, но ФИА тврди дека само 0,3 литри гориво за земање примерок останало во неговиот болид „Астон Мартин АМР21“. Минималната количина што мора да остане во автомобилот е еден литар.

По завршувањето на трката, Фетел застана на патеката до 12 кривина бидејќи тимот му нареди да го стори тоа.

– Можно беше да се земат само 0,3 литри гориво според процедурата од членот 6.6.4 од техничките прописи. Затоа се става овој случај на располагање на судиите бидејќи не е во согласност со членот 6.6.2 од техничките прописи – се вели во соопштението на ФИА. Германецот е под истрага и поради маицата која ја носеше по трката.

По сослушувањето, ФИА одлучи да го дисквалификува поранешниот светски шампион.

Астон Мартин: Имавме 1,74 литри гориво

– Имавме 1,74 литри гориво во резервоарот. Имаше само проблем со пумпата за гориво, поради што моравме да го запреме болидот пистата. Знаеме колку гориво е натоварено. Благодарение на мерачот за гориво, точно знаеме колку е потрошено. Бидејќи сме должни да ја пријавиме почетната количина на гориво, можеме да докажеме сè – рече шефот на Астон Мартин, Отмар Зафнаузер, но очигледно не е во право.

Членот 6.6.2 пропишува дека мора да има најмалку еден литар гориво во болидот за земање пример во секое време за време на тркачкиот викенд, а последен пат таков случај се случил во 2012 година кога Луис Хамилтон на шпанското ГН и Фетел на ГН во Абу Даби, беа дисквалификувани од квалификациите.

Така, второто место ќе му припадне на Луис Хамилтон од Мерцедес, а третото на Карлос Сајнс јуниор од Ферари.

Во генералниот пласман, Хамилтон ја зголеми предноста пред Макс Ферстапен и сега има 195 бода, второпласираниот Холанѓанец 187, Ландо Норис 113, Валтери Ботас 108, Серхио Перес 104…

Окон до сензационална победа во Унгарија, Хамилтон од последното место до подиум

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот