ФФМ најави: Чаир ќе добие европски стадион!

ffm.mk

Фудбалската федерација на Македонија во насока на унапредување на фудбалската инфраструктура на стадионите во државата и веќе најавените проекти за изградба на трибини денеска заедно со општина Чаир официјално ги започна градежните активности за изградба на нова трибина на стадионот во Чаир со капацитет од 1792. места.

На трибината е предвиден покриен дел во чии рамки ќе бидат изградени технички и лекарски простории, ВИП простор, застаклена кабина за ТВ коментаторски позиции и платформи за лица со посебни потреби.

 

Се означува почетокот на изградбата на новата трибина која се гради по строгите УЕФА правилници за инфраструктура и ќе ги задоволува европските критериуми.

Сејдини е среќен што се вложува заеднички напори и средства за изградба на нова трибина на стадионот во Чаир, нешто што му недостасуваше на овој стадион.

ffm.mk

– И секогаш е убаво чувството кога сведочиме за почеток на квалитетно вложување во фудбалот, а стадионот во Чаир е пример токму за тоа. Не само поради историјата на Слога Југомагнат или Шкупи, туку воопшто за сите фудбалери, љубители или навивачи на клубот. Голема благодарност до нашиот драг Висар, поранешниот селектор, а сегашен градоначалник на општина Чаир, за напорите кои ги вложуваат за да добиеме европски стадион. Одиме чекор по чекор, но сите чинители заедно, ФФМ, УЕФА преку програмата за развој и општина Чаир – се зборовите на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот