Фетаи за згаснуавњето на СЈО: Ниту борбата за правда, ниту животот тука застанува

СЈО од денеска и официјално згаснува, односно со стапување на сила на новиот Закон за Јавното обвинителство. Обвинителката Фатиме Фетаи која беше дел од тимот на СЈО, вели дека со стапување на сила на новиот закон ниту борбата за правда застанува, ниту животот тука застанува.

-Тоа единствено претставува една нова законодавна рамка која ни дава можност на сите обвинители заеднички на нов начин да се справиме и да се бориме против криминалот. Како и на кој начин ние тоа ќе го искористиме зависи од сите обвинителите, изјави Фетаи по денешното рочиште за “Монструм”.

Ристоска: Горчливо сладок ден за вработените во СЈО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот