Фестивал на краток филм: Во тек е конкурсот за „Филмај 2021“

Фото-кино клубот „Козјак“ од Куманово извести дека од 14 декември 2020 е отворен конкурсот за Третиот меѓународен фестивал на краток филм „Филмај 2021“ и дека пријавувањето ќе трае до 15 март 2021 година. Конкурсот важи за кратки играни и документарни филмови со траење до 20 минути. Ќе се прифаќаат и пријави за експериментални филмови (изземајќи ги анимираните). Филмовите што ќе аплицираат е потребно да се завршени по 1.1.2018 година.

Организаторот одлучил пријавувањето на конкурсот за македонски кратки филмови да биде бесплатно, со намера да се поттикне продукција и нивно прикажување, како и да се создаде и да негува желба кај публиката за гледање кратки филмови.

На фестивалот се доделуваат четири награди: награда „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија; награда „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија; награда „Koзјак“ за најдобрo сценарио; и награда за најдобар македонски (домашен) филм.

Првото издание на фестивалот се одржа на 29 мај 2019 година, во Занаетчиски дом – Куманово со присуство на публика од 200 луѓе. Второто издание, пак, се одржа на 29 септември 2020 година во големата сала на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово, во согласност со протоколите за заштита од коронавирусот. Третото издание на фестивалот е планирано да се одржи на 28 мај 2021 година.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 66, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 30-31 јануари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот