Ферстапен победник на трката за Големата награда на Италија во Монца

Макс Ферстапен („Ред Бул“) ја оствари 31 победа во Ф1 кариерата/Монца, Италија/11 септември 2022/фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Возачот на „Ред Бул“, Макс Ферстапен е победник на трката за Големата награда на Италија, која денеска се одржа во шампионатот на Формула 1 на патеката Монца.

Холанѓанецот стигна до 31 победа во кариерата, а до 11 триумф сезонава иако стартуваше од седмата позиција.

Ова е четврта последователна победа на актуелниот светски шампион во Ф1.

Второто место му припадна на возачот на „Ферари“, Шарл Леклер од Монако, кој заостана речиси три секунди зад победникот, додека трет беше британскиот возач на „Мерцедес“, Џорџ Расел.

Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози на 2 октомври 2022 година за Големата награда на Сингапур.

На табелата кај возачите води Ферстапен со 335 бодови, пред Леклер кој има 219, а кај конструкторите водечки е „Ред Бул“ со 545 бодови, пред второпласираниот „Ферари“ (406).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот