Ферстапен најбрз во квалификациите пред трката за ГН на Канада, Алонсо го освои второто место

Макс Ферстапен/фото: EPA-EFE/Jim WATSON

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Канада, деветта трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Актуелниот шампион до пол-позицијата дојде со време од 1:21.299 минути, а изненадувачки на второто место се најде Фернандо Алонсо од Алпине. Ова е прв пат по 2012 година Алонсо кој има две титули, да започне една трка од првиот стартен ред. Третото најбрзо време го оствари возачот на Ферари, Карлос Саинс јуниор.

Покрај маестралното возење на Ферстапен по влажната патека, квалификациите ги одбележа и несреќата на неговиот тимски колега Серхио Перез, која предизвика прекин на квалификациите. Мексиканецот изгуби контрола над болидот и удри во заштитната ограда во текот на втората квалификациска сесија и ќе стартува од 14. Позиција на утрешната трка.

Главниот конкурент за Ферстапен, Шарл Леклер трката ќе ја започне од последното место бидејќи ја менуваше електрониката на погонската единица.

Четврто најдобро време оствари седумкратниот шампион Луис Хамилтон, пред импресивните возачи на Хас Кевин Магнусен и Мик Шумахер. Вториот возач на Алпине, Естебан Окон беше седми, Џорџ Расел осми, Даниел Рикардо беше деветти а десети беше Гуанју Џоу.

Трката за Големата награда на Канада ќе започнува во недела во 20 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот