Ферги наместил меч со Јуве во Лигата на шампионите!?

twitter.com/BBCRMunited

Едно шокантно обвинение на сметка на легендарниот тренер беше изречена на суд од италијанскиот фудбалски менаџер Џузепе Пина Палјара.

Палјара го спомна Алекс Фергусон на сослушувањето. Италијанецот беше на „деловен“ состанок со една жена, новинарка од познат англиски весник која се претставила како деловен партнер. Палјара во текот на ручекот обвини неколку англиски тренери за местење натпревари, вклучувајќи го и Алекс Фергусон.

Главниот обвинител Брајан О’Нил го даде сведочењето на новинарката, со тврдењето на Паљара дека Фергусон е вклучен во наместен натпревар против Јувентус во Лигата на шампионите.

Палјара го наградил Фергусон со еден златен часовник „Ролекс“ вреден 30.000 илјади евра. Воедно Ферги земал пари од трансферите на фудбалерите и дека му плаќал и претходно.

Не е наведено за кој натпревар меѓу Јунајтед и Јуве се однесува обвинението. Двете екипи имаат одиграно 10 натпревари во ЛШ. Покрај Фергусон, италијанскиот менаџер ги обвини уште Стив Мекларен, Хари Реднап и Нил Ворнок.

Палјара со поранешниот помошник менаџер на Барнли, Томи Рајт, е обвинет за голем број фудбалски нерегуларности, кои вклучуваат корупција и местење натпревари. После тој скандал и тогашниот селектор на Англија, Сем Алердејс си поднесе оставка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот