Фејсбук не ги исполни барањата на Русија, плати голема казна

Facebook logo Фејсбук лого
Фејсбук лого/ EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Фејсбук и плати 17 милиони рубљи (229.643 долари) како казна на Русија затоа што не успеа да ја избрише содржината што оваа земја ја смета за нелегална, со закана за потенцијално повисока казна.

Матичната компанија на Фејсбук, Мета, заедно со Гугл, оваа недела ќе се соочат со тужба поради сомневање за постојано прекршување на руските закони за содржини на социјалните мрежи. Фејсбук може да биде казнет со процент од годишниот приход во Русија, пренесува новинската агенција Интерфакс.

Москва го засили притисокот врз големите технолошки компании

Русија во октомври испрати државни извршители за да ги казнат Фејсбук со 17 милиони рубљи.

Руски Интерфакс објави дека од неделата нема повеќе извршни постапки против компанијата, повикувајќи се на базата на податоци на Федералната служба за извршување.

Москва годинава го засили притисокот врз големите технолошки компании во кампања која критичарите ја гледаат како обид на руските власти да воспостават посилна контрола врз интернетот и со тоа да се задуши слободата на поединците и бизнисите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот