Федерер се „загреа“ со титула пред Вимблдон (ВИДЕО)

twitter.com/FedererLive

За Федерер ова е вкупно 102. титула во неговата професионална кариера, а трета оваа сезона, после турнирите во Дубаи и Мајами.

Својата шанса Белгиецот ја пропушти во првиот сет. На 2:2 имаше 0-40, два активни поени, но не успеа да направи „брејк“.

Имаше шанса и во наредните два гема на сервис на својот ривал, но и во двата обиди од 15-30 губеше по три поени во низа.

На крајот се влезе во тај-брејк, Федерер започна со „винер“ после добриот сервис, а Гофан го испрати топчето во мрежата. Тоа беше и најава за убедлив триумф на „Федекс“ во тај-брејк, но и на тоа што се случуваше до крајот на мечот.

Ова беше 13 финале и 10 титула за Федерер во Хале, па во победничка атмосфера ќе го дочека новиот настап на Грен слем турнирот „Вимблдон“ кој што ќе започне на 1 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот