Фаучи со апел до Трамп: Предади ја власта за Бајден да почне да носи одлуки за пандемијата

Фото: EPA-EFE/Graeme Jennings / POOL

Водечкиот американски инфектолог, Антони Фаучи, денеска го повика претседателот на САД, Доналд Трамп да почне со предавање на власта на Џо Бајден за да може да се носат одлуки за справување со кризата што ја продуцира ковид-19 во земјата во која досега има над 11 милиони заразени лица и над 260.000 починати од вирусот.

Фаучи кажа дека „непреченото пренесување на информации” е во интерес на заштитата на јавното здравје, јави „Би-Би-Си“.

– Тоа е како да носите палка за време на трка и не сакате да застанете, рече Фаучи, додавајќи дека секако е подобро „ако можеме да почнеме да работиме со нив”.

Помошниците на новоизбраниот претседател Џо Бајден велат дека одбивањето на Белата куќа да ја дозволи претседателската транзиција значи дека неговиот тим е исклучен од планирањето на кампањата за вакцинација, што ќе биде приоритет за Бајден кога тој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот