Фатална одлука: Коби инсистирал хеликоптерот да полета 45 минути порано

EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Пет месеци по трагичната хеликоптерска несреќа во која загина легендата на НБА лигата, Коби Брајант, полека излегуваат нови детали за трагедијата.

Коби Брајант, неговата ќерка Џиана, уште шест патници и пилотот Ара Зобајан, загинаа откако хеликоптерот Сикорски С-76Б се сруши и удри во брдо во Калабасас, во близина на Лос Анџелес.

мурал посветен на Коби и Џиана/EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Националниот одбор за безбедност во сообраќајот деновиве објави извештај во кој напиша дека пилотот најверојатно лошо ја проценил патеката на движење низ густата магла. На тој начин се потврдени тезите на експертите дека Ара Зобајан за време на несреќата бил дезориентиран.

хеликоптерска несреќа коби брајант /EPA-EFE/DAVID SWANSON

Но, денеска личната асистентка на Коби, Кејти Брејди открива дека една одлука на легендарниот кошаркар директно влијаела за несреќата. Имено, Коби вечерта пред кобниот лет барал хеликоптерот да полета 45 минути порано.

Причината е тоа што Коби сакал да го проследи натпреварот кој претходел на средбата на неговата ќерка Џиана.

– Вечерта пред летот, околу 6 или 7 часот попладне го променив времето бидејќи Коби одлучи да гледа уште еден натпревар пред Џиана да истрча на теренот. Требаше да се тргне во 9.45 часот, но вечерта го сменивме терминот за 9 часот – изјави Брејди за американските медиуми.

Изјавата на Брејди е дел од транскриптот од 1.700 страници кој е направен во склоп на истрагата за несреќата. Едно од прашањата на Кејти Брејди и го поставил и Герет Далтон, директорот на операции на „Ајланд експрес“, фирмата која го организирала превозот и фаталниот лет.

„Дали Коби би те притискал или би те „искарал“ доколку не ја повика Пети и би ја прашала: Зашто не можеме да летаме?.

Одговорот на Брејди бил дека таа не сака да шпекулира бидејќи никогаш претходно не се случило такво нешто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот