Откриени нови детали како дојде до несреќата во која загина Коби Брајант

Националниот одбор за безбедност во сообраќајот наведува дека пилотот на хеликоптерот бил дезориентиран кога влегол во густата магла.

Речиси пет месеци по хеликоптерската несреќа во близина на Лос Анџелес во која животите ги загубија легендарниот кошаркар Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и уште седум лица, истрагата објави нови детали поврзани со падот на хеликоптерот.

Коби Брајант и неговото семејство / Фото: Инстаграм

Вчера националниот одбор за безбедност во сообраќајот објави дека пилото Ара Зобајан кој управувал со хеликоптерот, бил дезориентиран.

Пред еден месец, во деталниот изавештај беше наведено дека Зобајан не користел алкохол или дрога, додека во крвта на Коби Брајанр била пронајдена забранета допинг супстанца „метилфенидат“ која влијае на експлозивноста и силата на корисникот.

Место на несреќата / Фото: EPA-EFE/NTSB / JAMES ANDERSON

Истрагата покажала дека Зобајан за време на разговорот со контролата на летот, рекол дека се крева на висина од 1.220 метри за да дојде над облаците, но всушност во тој момент хеликоптерот веќе паѓал и одел кон брдото во кое се удрил.

Националниот одбор за безбедност во сообраќајот во извештајот напиша дека пилотот најверојатно лошо ја проценил патеката на движење низ густата магла. На тој начин се потврдени тезите на експертите дека Ара Зобајан за време на несреќата бил дезориентиран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот