Фановите бесни поради фустанот на Кајли Џенер: Да дојдеше таква на моја свадба, ќе ѝ истурев црвено вино! (ФОТО) – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Фановите бесни поради фустанот на Кајли Џенер: Да дојдеше таква на моја свадба, ќе ѝ истурев црвено вино! (ФОТО)

На венчавката на Џастин и Хајли Бибер Кајли се појавила во фустан на кој како да пишувало „Гледајте во мене“.

Непишано правило е дека кога си поканет на венчавка треба внимателно да одбереш што ќе облечеш за да не ја засениш невестата, но во случајот на Кајли Џенер тоа очигледно не важи.

На венчавклата на Џастин и Хајли Бибер Кајли се појавила во фустан на австралијанскиот дизајнер „J’Aton Couture“ на кој како да пишувало „Гледајте во мене“. Сепак, барем не била во бело.

Нејзините фанови ја обвинуваат дека е непристојна поради намерата да ја засени невестата.

Profimedia

„Фустанот на Кајли е легендарен, ама да го облечеш на нечија венчавка – во тој момент покажуваш отсуство на почит“, напишал еден корисник на Твитер, а друга корисничка додала дека ако некоја жена на нејзината венчавка би се појавила во таква креација, би ја исфрлила, ама прво би ѝ истурила црвено вино.

Profimedia

Некои шпекулираат дека Кајли намерно дошла во вакво издание за да му покаже на бившото момче Тревис Скот што изгубил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close