„Евзони“ пак блокиран – грчките земјоделци продолжуваат со блокадите

Граничниот премин „Евзони“ за влез и за излез од Грција кон Македонија денеска повторно ќе биде блокиран, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Преминот ќе биде затворен во два наврати – од 10 до 14 часот и од 18 до 22 часот за сите видови возила поради штрајкот на грчките земјоделци. Блокада на овој граничен премин имаше и во текот на изминатите денови.

Граничниот премин „Дојран“ засега останува единствениот премин на кој нема блокади и сообраќајот за влез и излез од Грција се одвива непречено.

Грчките земјоделци низ целата држава имаат поставено вкупно 14 блокади со над 6 000 трактори, од кои два се на граничните премини „Евзони“ и „Ники“. Протестите започнаа во неделата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот