Европското првенство ќе се одржи годинава најверојатно со навивачи!?

Фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Поради пандемијата на коронавирусот лани Европското првенство беше одложено и истото презакажано за оваа година од 11 јуни до 11 јули.

Даниел Кох, медицинскиот советник на УЕФА за наредниот континентален собир во интервјуто за „Ројтерс“ изрази оптимизам дека ќе се организира овој настан.

– Нема шанси да не се одржи Европското првенство, тоа ќе се случи. Не постојат најлоши сценарија, туку реални сценарија и сценарија во најдобри случаи – рече Кох.

Поранешниот шеф на заразни болести во Федералната канцеларија за јавно здравје на Швајцарија, вели дека УЕФА ќе донесе одлука на почетокот на април за соодветноста на местата и планираните капацитети по консултација со 12-те земји домаќини. А исто така вели дека конфедерацијата ќе ја задржи опцијата за да дозволи зголемување на бројот на навивачите доколку ситуацијата дозволи.

Фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

– Мислам дека ќе има голема флексибилност барем до крајот на април, а одлука треба да се донесе на почетокот на април – додаде Кох.

Градови домаќини на ЕП се Глазгов, Даблин, Билбао, Амстердам, Копенхаген, Минхен, Рим, Санкт Петербург, Букурешт, Будимпешта и Баку, со полуфиналето и финалето на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Потсетување дека македонската репрезентација која за првпат ќе игра на едно Европско, се наоѓа во група со Украина, Австрија и Холандија, и натпреварите ќе ги игра во Букурешт и Амстердам..

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

УЕФА побара од домаќините организатори на ЕП да ги дадат своите планови за влез на стадионите и други проблеми. Водечкото тело минатата година изнесе четири оперативни сценарија – за полни стадиони, капацитет од 50-100% или капацитет од 20-30% и натпревари зад затворени врати.

Запрашан за веројатниот процент на капацитетот на стадионите кој би можел да биде дозволен..

– Мислам дека е многу поголем отколку што замислуваме. Минатата есен во некои земји беше 30%, мислам дека е можно повеќе од 30% – се зборовите на Кох.

– МНОГУ ЌЕ ЗАВИСИ ОД ПРИСТАПОТ НА ВЛАДИТЕ ВО СЕКОЈА ЗЕМЈА

Очекуваното намалување на случаите со ковид-19 како резултат на потоплото време во летните месеци заедно со веќе започнатата вакцинација и зголемениот природен имунитет, сето тоа води кон оптимизам.

– Чувството во Европа е сè уште многу скептично дека оваа пандемија ќе биде во добра форма во јуни, но доколку ги погледнете бројките и сите можности што ги имаме, мислам дека треба да планираме на оптимистички начин – вели Кох.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот