Европол: Во Романија запленети речиси половина милион фалсификувани евра

Во Романија се запленети речиси половина милион лажни евра, а власта со поддршка на европската полициска агенција Европол разби организирана криминална група која фалсификувала евра и романски леи.

Како што соопшти Европол, во вчерашната спроведена акција се уапсени десет осомничени лица, шестмина се ставени под полициски надзор, претресени се 28 куќи и запленети се речиси 450.000 фалсификувани евра во апоени од 50, 100 и 500 евра.

Запленети се и 16.000 вистински евра и леи, како и одредено количество кокаин и канабис.

Во соопштението се наведува дека криминалната група била активна три години, а фалсификуваните пари ги пласирала во неколку земји на ЕУ, како што се Австрија, Белгија, Германија, Грција, Италија, Литванија, Холандија, Романија, Словачка и Шпанија.

Во акцијата учествувале безбедносните сили на Австрија, Белгија, Германија и Шпанија, а во истрагата помогнала и Европската централна банка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот