Евролига: Драмата во Пиреја со среќен крај за Барселона

фото: EPA-EFE/Georgia Panagopoulou

Кошаркарите на Барселона со 74:76 славеа над Олимпијакос во рамки на 23. коло од Евролигата.

Каталонците до победата дојдоа во драматична завршница, односно во последните секунди од натпреварот. Кори Хигинс успешно ги реализираше двете слободни фрлања за 74:76 за Барселона на шест секунди до крајот, но Олимпијакос во последниот напад имаше можност за победа или да го однесе натпреварот во продолжението. Но, Хасан Мартин и Костас Слукас промашија зицери во последниот напад.

На Олимпијакос малку му недостасуваше со победа да го круниса големиот пресврт во второто полувреме. Грчкиот тим имаше минус од 12 поени (32:44) на стартот од третата четвртина, но со експресна серија од 12:0 комплетно се вратија во игра. Потоа во последната четвртина имаа и предност од пет поени (59:54), но на крајот се радуваа кошаркарите на Барселона.
Никола Миротиќ со 16 поени и Кори Хигинс со 14 поени беа најдобри кај Барселона, додека кај Олимпијакос се истакна Шакил Мекисик со 18 поени. Барселона со победата остана лидер на табелата со скор од 17-6 додека Олимпијакос е на 11. место со скор 11:12.

Кошаркарите на Фенербахче ја продолжија неверојатната серија од осум победи по ред во Евролигата, а нивна последна жртва е Химки кој е совлада со 76:107. Резултатската неизвесност беше присутна само во првата четвртина по што турскиот тим ги презеде работите во свои раце и дојде до убедлив трумф.
Нандо де Коло беше најпрецизен кај Фенербахче со 17 поени, додека поен помалку постигна Лоренцо Браун.

Во одлична победничка серија се наоѓа и Милано кој против Зенит дојде до шестата победа по ред. Италијанскиот тим славеше со 82:76 и се искачи на третото место на табелата со скор 15-7.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот