Еве што правела Мерилин Монро за да биде згодна!

Фото: Профимедиа

Списанието „Пеџент”, во далечната 1952 година, објави интервју во кое Мерилин Монро откри многу работи за својот приватен живот. Меѓу другото, тоа беше можност за сите да дознаат како најпосакуваната жена на сите времиња ја негува убавината.

-Искрено, јас никогаш не мислев дека мојата фигура е извонредна, До неодамна, речиси и не ни размислував за тоа. Мојата единствена и најголема грижа беше да јадам доволно. Сега морам да се грижам да не јадам премногу. Јас никогаш не сум се мачела со вежбањето. Сега пак, секое утро вежбам со мали тегови, најмалку 10 минути. Сакам да имам затегнати мускули, па одбрав вежби кои најмногу ми одговараат, раскажала Мерилин.

Instagram

Глумицата ја открила нејзината едноставна рутина за затегнување на градите, која ја правела секој ден, штом ќе се разбуди. Во прашање е вежба со кревање на тегови од 2 килограми, од позиција на „отворени раце“, додека не дојдат рацете директно над главата. Мерилин ова го повторувала 15 пати, со бавно темпо. Потоа ќе направела нова серија на истата вежба, но движејќи ги рацете во обратна насока.

– Никогаш не ми се допаѓале спортови кои се играат на „отворено“, и немам желба да се усовршам во тенис, пливање или голф. Ќе им ги оставам ваквите спортови на мажите. Иако, тоа е многу модерно во Калифорнија, јас не мислам дека премногу исончаната кожа е привлечна, а не е, ниту, поздрава од белата кожа. Не ми се допаѓа исончан тен, затоа што сакам да се чувствувам како комплетна русокоса – зборуваше таа понатаму.

Мерилин ја истакнувала важноста на сонот, па затоа се трудела да спие доволно. Ако некогаш ќе си скратела некој час од спиењето, задолжително го надокнадувала утредента.

– Во зависност од обврските, спијам помеѓу шест и десет часа секоја вечер. Спијам во голем кревет и секогаш, и зиме и лете, се покривам само со една тенка покривка. Не поднесувам пижами или ноќници, тие ми го расипуваат сонот.

Profimedia

Кога е исхраната во прашање, Мерилин се држела до протеинската диета (со комплетно исклучување на јагленохидратите од исхраната), а некои од нејзините навики на многумина им делувале малку бизарно. Појадокот го опишувала како „совршен за секоја деловна девојка“, а се состоел од врело млеко во кое се изматени две јајца. Оваа напивка ја комбинирала со витамински таблети. За вечера пак, обично јадела печено месо во рерна со свежи моркови.

Ваков начин на исхрана и дозволувал да не се откажува потполно од своите „слатки гревови“ и без грижа на совеста да ужива во сладоледот.

– Сигурна сум дека не би можела себеси да си го дозволам ова задоволство, доколку мојата секојдневна диета не се состои во потполност од протеини, заклучила Мерилин во интервјуто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот