Еве ја исхраната на ангелите на „Викторија сикрет“ за топ форма

Адријана Лима, фото Фејсбук

Можете да претпоставите, станува збор за екстремни диети кои се применуваат пред секој настап и фотосесија.

Неодамна Адријана Лима откри детали од екстремната диета со која губела набрзина повеќе килограми пред големото шоу на Викторија сикрет, како и пред важни фотосесиии. Со три до четири часа вежбање дневно, убавицата држи диета од 10 дена и при тоа пие само протеински шејкови, а вечерта пред настапот се одрекува и од вода.

Блогерката Кендис Ловри и нејзината колешка Мишел Каври ги проучиле советите од нутриционистите и решиле да живеат како супермодели. Комбинирале нешто поблага верзија од диетата на ангелите на „Викторија сикрет“, односно два дена го следеле регуларното мени на моделите, со обилен појадок, пилешко и риба за ручек и зеленчук за вечера, а потоа два дена пиеле само протеински шејкови.

Еден работен ден бил потребен за блогерките да заклучат како регуларната диета е издржлива, иако не допушта меѓуоброци и слатки, но да се биде на шејкови цел ден – не било издржливо. Се чувствувале слабо, уморно, нерасположено и имале проблем со спиењето.

Кога на овој факт ќе се додаде и секојдневно конузмирање на едни те исти намирници, и уште неколку часа вежбање во теретана, бокс или трчање, се поставува прашањето како ангелите воопшто имаат сила да ги носат тешките крилја.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот