Евакуирани околу 800 жители на островот Ла Палма, напредува лавата од вулканот Кумбре Виеја

Вулкан, Ла Палма / Фото: EPA-EFE/CARLOS DE SAA

На Палма наредена евакуација поради лава

На околу 800 жители на шпанскиот остров Ла Палма вчера им беше наредено да се е вакуираат поради напредувањето на лавата од вулканот Кумбре Виеја.

Поради ерупцијата на вулканот Кумбре Виеја, што трае од 19 септември евакуирани се речиси 7.000 луѓе. Лавата уништи речиси 600 хектари земјиште и над 1.200 куќи. На Ла Палма живеат 85.000 жители.

Тоа е трета ерупција на вулкан на Ла Палма, во 1949 година еруптираше вулканот Сан Хуан, а во 1971 година вулканот Тенегуи.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот