ЕУ одлучи: Границите ќе останат затворени до 15 јуни

Европската комисија ги повика земјите на ЕУ и Шенген зоната уште за 30 дена да го продолжат привременото ограничување на патувањата во земјите членки.

Ограничувањата се однесуваат на сите патувања на граѓани од трети земји кои не се суштинско значење, а се применува на надворешните граници на ЕУ и земјите на Шенген кои се надовр од ЕУ како Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

Од комисијата порачаа дека без оглед на првобитните чекори на државите членки на ЕУ кон попуштање на мерките за заштита од ковид-19 ситуацијата и понатаму е критична како во Европа така и во светот.

Од Брисел повикуваат на континуиран координиран пристап кон продолжување на ограничувањето на влезот во ЕУ и оценуваат дека делувањето на надворешните граници може да биде делотворно само ако го спроведуваат сите држави од ЕУ и државите од Шенген на сите граници.

ЕК во рамки на мерките за сопирање на ширењето на ковид-19 на 16 март пвр пат ги повика членките на ЕУ и Шнеген зоната да воведат привремено ограничување на влезот за сите патувања кои не се од суштинско значење. Оваа мерка беше продолжена на 8 април уште 30 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот