ЕУ ќе дискутира за проширувањето, но не и за францускиот предлог за внатрешни реформи

Фото: МИА

Финската министерка за европски прашања, и ЕУ претседавач, Тити Тупураинен, пред почетокот на Советот за општи работи утрово изјави дека францускиот предлог за реформа на проширувањето нема да биде тема на дебатата денеска.

– Станува збор за далекусежна работа, нема да дискутираме за француската иницијатива денеска, ќе се навратиме на политиката на проширувањето и ќе испратиме силна порака до земјите од западниот Балкан дека ЕУ ќе исполни и ќе се наврати на прашањето идната пролет – изјави министерката Тупураинен, која претседава со денешниот министерски состанок и која го одредува дневниот ред на дискусиите.

Министрите ќе разговараат за состојбата со проширувањето откако одлуката за почеток на преговорите со Северна Македонија беше блокирана од страна на Франција во октомври, но нови предлози не може да има сѐ додека не стапи на сила новиот состав на Европската Комисија.

-Добро е што земјите членки имаат предлози, тоа помага да се одржи процесот, но потребна ни е нова Комисија за да можеме конечно да постигнеме едногласна одлука, денес ќе испратиме силна порака дека ЕУ нема да сврти грб, изјави финската министерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот