ЕУ досега добила 107 милиони дози вакцини против ковид-19

Вакцинација во Србија/ Фото; МИА

Европската унија досега има добиено 107 милиони вакцини против ковид-19, соопшти денеска Европската комисија.

Најмногу дози се добиени од вакцината на „Фајзер/Бионтек“ – 67,25 милиони, 9,8 милиони дози од Модерна и 29,9 милини дози од вакцината на „АстраЗенека“.

Според портпарол на ЕК, денеска се очекува Европската агенција за лекови (ЕМА) да обкави дополување на својот став за вакцината на „АстраЗенека“. Претходно ЕМА соопшти дека подлабока оценка може да се очекува во втората седмица на април. Агенцијата собира дополнителни информации од државите членки на ЕУ поради сомнежите дека вакцината не е целосно безопасна за сите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот