ЕУ „длабоко загрижена” за ризикот од ескалација на украинската граница со Русија

epa08964558 European Union for Foreign Affairs and Security Policy Josep Borrell speaks during a press conference following a meeting with EU Ministers of Foreign Affairs at the EU headquarters, in Brussels, Belgium, 25 January 2021. EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска голем дел од неформалниот состанок го посветиле на Русија и на ситуацијата на украинската граница каде се собрани 150 илјади руски трупи, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова е, според високиот претставник за надворешната политика на ЕУ, Жосеп Борел, највисокиот број на руски трупи до сега на границата со Украина.

На неформалниот министерски состанок денеска се придружи и украинскиот министер за надворешни работи, Димитри Кулеба, кој ги информирал партнерите за ситуацијата.

-Зголемувањето на руската војска на границата е многу загрижувачки, 150 илјади руски трупи се наоѓаат на украинската граница и ризикот од ескалација е очигледен, ја поздравуваме Украина и нејзината воздржана реакција и итно ја повикуваме Русија на деескалација, рече Жосеп Борел денеска на прес конференцијата по состанокот за надворешни работи на ЕУ.

Европската унија ја потврди нејзина недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Министрите разговарале и за влошената здравствена состојба на опозиционерот Алексеј Навални, кој попладнево е пренесен во затворска болница.

Шефот на ЕУ дипломатијата порача дека Навални треба да добие пристап до медицински персонал во кој има доверба.

-Нашата заедничка порака денеска до руските власти е дека тие се одговорни за неговата безбедност и неговото здравје и дека ќе бараме отчет од нив за тоа, предупреди Борел.

Чешкиот министер за надворешни работи ги информирал колегите за одлуката за протерување на осумнаесет руски дипломати од неговата земја поради експлозија во складиште за оружје во 2014. Според информациите на чешките разузнавачки служби сите тие дипломати биле руски агенти.

Земјите на ЕУ искажале поддршка за Чешка, Чешка од своја страна не побарала координирана акција за протерување на руски дипломати во другите земји членки на ЕУ, потврди Борел. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот