Етнолошки документарни фотографии од Благоја Дрнков ќе бидат изложени во Музеј на РСМ

Horizontal Brown paper surface texture

Во духот на заокружувањето на плодната и успешна година, Музејот на Република Северна Македонија ја најави завршната изложба „Повеќе од зборови – Благоја Дрнков во етнолошката музејска архива“, којашто ќе биде отворена на 28 декември 2022 година, во 13 часот.

Изложбата се реализира во чест на креативниот мајстор на фотографијата и неговите фотографски афинитети и светогледи.

Работата на фотографот и снимател Благоја Дрнков дава значаен придонес кон унапредувањето на музеологијата и етнологијата. Тој оставил ненадминлива колекција фотографии, документирајќи ги сите аспекти на традиционалната материјална и духовна култура, како и народното творештво и применетата уметност во Македонија.

Она што го издвојува е неговиот посебен однос кон етнолошката документарна фотографија, која не е само гола регистрација на факти, туку претставува визуелен запис исполнет со експресија, љубопитност и енергија.

– На изложбата се презентирани 35 фотографии, коишто се значајни чувари на меморијата како сведоштво за иднината. Изложбата претставува обид да се потсетиме и да ги потенцираме високите дострели во документирањето и презентирањето на нашето уметничко и културно наследство. Фотографиите на овој доајен на етнолошката фото-документација се врежани во колективната визуелна културна меморија, оставајќи ни многу повеќе од зборови – истакнуваат од Музејот на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот