Ештон Качер на 13 години сакал да му го донира срцето на својот брат близнак

Познатиот холивудски глумец Ештон Качер има брат близнак, кој е само пет минути помал од него, но иако се близнаци, Ештон и Мајкл се сосема различни.

Мајкл бил големо изненадување за семејството бидејќи родителите дури во подoцната бременост дознаеле дека ќе добијат две бебиња. Близнакот на Ештон бил толку мал што докторите не верувале дека ќе преживее. По раѓањето родителите забележале дека Мајкл не се развива со иста брзина како Ештон, а по кратко време дознале дека боледува од церебрална парализа. Неколку години подоцна, на Мајкл морало да му се трансплантира срце. Тоа бил тежок период за семејството Kачер.

Ештон Качер (лево) и Мајкл/принтскрин/Youtube

Ештон секогаш се поставувал заштитнички кон својот брат, а кога на 13-годишниот Мајкл му била потребна трансплантација на срце, Ештон сакал да биде донор, бидејќи за 48 часа не успеале да најдат соодветен. Сепак, на крај бил пронајден донор, виталниот орган бил пресаден на време, а браќата оттогаш станале уште поблиски.

Мајкл Качер (лево) и Ештон/принтскрин/Youtube принтскрин/Youtube

Повеќепати Ештон има зборувано дека тоа му бил еден од најтешките периоди во животот и дека бил подготвен да стави крај на својот живот за да го спаси братот.

Мајкл денес е оженет, има два сина и е успешен мотивациски говорник, a со своите говори од лично искуство ги охрабрува младите луѓе никогаш да не се обесхрабруваат.

Мајкл Качер/Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот