Ерменскиот претседател Саркисјан обвинува: Турција учествува во етничко чистење во Нагорно-Карабах

Фото: EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Ерменскиот претседател Армен Саркисјан ја обвини Турција дека е на страна на Азербејџан и директно учествува во етничкото чистење на Ерменците во конфликтот во Нагорно-Карабах.

– Конфликтот што избувна на 27 септември нема локален карактер, како што беше во минатото. Ова е сега вистинска војна за која Азербејџан и Турција се подготвуваа долго време. Покрај тоа, Азербејџан и Нагорно-Карабах имаат различни ставови околу природата на овој конфликт, изјави Саркасјан за агенцијата „Арменпрес”.

– Баку тврди дека ги ослободува своите територии и ги прашувам од кого ги ослободуваат? – Ако ги ослободуваат од Ерменците, за тоа има сосема друго име. Ова не е за територијалeн интегритет, туку за етничко чистење. Тие ја сакаат таа територија, но без Ерменци. Тоа е етничко чистење”, додаде Саркисјан.

Ерменскиот претседател истакна дека единствена можност за почеток на преговори е повлекувањето на Турција од конфликтот, поточно Анкара да се откаже од империјалистичките аспирации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот