Ериксен го откачи Манчестер јунајтед

Кристијан Ериксен / фото: EPA-EFE/Daniel Hambury

Маките на Манчестер Јунајтед продолжуваат и во летниот преоден рок, на челнците на „црвените ѓаволи“ им е тешко да му исполнат барем една желба на новиот менаџер Ерик Тен Хаг, а ако им се верува на информациите на англиските медиуми добија уште една шлаканица.

Кристијан Ериксен ја одби понудата на Манчестер јунајтед, објавија англиските медиуми.
Данецот доби понуда која многумина ја окарактеризираа како најдобра во кариерата, но се чини дека и тоа не беше доволно поранешниот играч на Тотенхем и Интер да ја прифати истата.

Пред неколку дена, медиумите објавија дека финансиите во ниту еден момент не била спорни, но Данецот побарал дополнително време за размислување и како што стојат работите ја одбил понудата да се пресели на „Олд трафорд“.

Во игра за потпис со Кристијан Ериксен останува неговиот поранешен тим Тотенхем кој го мами со настап во Лигата на шампионите, но и тимот на Брентфорд во кој ги помина последните шест месеци.

Токму Брентфорд му даде шанса на Ериксен повторно да ига фудбал, откако минатото лето колабираше за време на Европското првенство по што му беше вграден дефибрилатор поради кој не можеше да ја продолжи кариерата во Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот