Ерик Тен Хаг урна негативен рекорд стар 37 години

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Во групата „А“ од фудбалската Лига на шампионите, Галатасарај на гостински терен изненадувачки го совлада Манчестер јунајтед со 3:2, а решавачкиот гол за Галатасарај го постигна Икарди во 81 минута.

Јунајтед двапати водеше со головите на Хојлунд, а турскиот клуб се враќаше, само Икарди промаши пенал во 78 минута, а Касемиро доби црвен картон. Ова е втор пораз за Јунајтед на отворањето на сезоната во ЛШ, претходно во првото коло загубија од Баерн.

Поразот од Турците е уште еден удар за холандскиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Ерик Тен Хаг. Славниот клуб е во голема криза, моментно е дури на 10 место во Премиер лигата, а во Лигата на шампионите во својата група е последен на табелата.

Со поразот од Галата, Тен Хаг стана првиот тренер во модерната ера на Манчестер jунајтед кој загубил шест од воведните 10 натпревари во сезоната. Олд Трафорд не го памети тоа од 1986 година, односно од доаѓањето на Алекс Фергусон на клупата.

Манчестер јунајтед во ЛШ загуби од Баерн Минхен и Галатасарај, а во Премиер лигата на седум натпревари има дури четири порази. Загуби од Кристал палас, Брајтон, Арсенал и Тотенхем. Славеше против Вулверхемптон, Нотингем форест и Барнли, а запиша и една победа во Лига купот над Кристал палас.

ВИДЕО: „Кралска“ вечер во Неапол, Икарди му пресуди на Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот