Ердоган: Турција ќе ја зголеми воената поддршка на Либија

EPA-EFE/STR

Ако е потребно, Турција ќе ја зголеми својата воена поддршка на меѓународно признатата влада на Либија, а ќе ги процени своите копнени, воздушни и поморски опции, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, откако двете страни минатиот месец потпишаа договор за воена соработка.

Турција ја подржува Владата во Либија и веќе пратила воени залихи и покрај ембаргото на оружје од Обединетите нации, се наведува во извештајот на експертите на ОН од минатиот месец, пренесува Ројтерс.

Турција исто така соопштила дека би можела да ги распореди силите во Либија, ако либиската влада побара. Тамошната влада со месеци се бори против офанзивните сили на Калифа Хафтар во истокот на земјата. Силите на Хафтар добија поддршка од Русија, Египет, Јордан и Обединетите Арапски Емирати.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот