Ердоган реагираше на одлуката на Бајден за геноцид: Му се обрати на ерменскиот патријарх

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган реагираше денеска на одлуката на Џо Бајден, кој го прогласи за геноцид злосторството на Отоманската империја против Ерменците.

Тој обвини „трета страна“ за мешање во турските работи.

– Никој нема да има корист од фактот дека дебатите, кои треба да ги водат историчари, се исполитизирани од „трети“ фактори и стануваат средство за интервенција во нашата земја – рече Ердоган во пораката до ерменскиот патријарх во Истанбул, Известува грчкиот портал „Њузбист“.

Бајден го призна масакрот врз Ерменците како геноцид

– Не смееме да дозволиме културата на соживот на Турците и Ерменците да падне во заборав, која се зголеми со стотици години и може да се смета за пример за целото човештво. Јас со почит го чувам споменот на Ерменците од Отоманската империја кои загинаа во тешки услови на Првата светска војна и им изразувам сочувство на нивните внуци – се наведува во неговата порака до ерменскиот патријарх.

За потсетување, Бајден денес објави дека Отоманската империја извршила геноцид врз ерменското население за време на Првата светска војна.

– Почнувајќи од 24 април 1915 година, кога во Константинопол (денешен Истанбул) беа уапсени ерменски интелектуалци и водачи, милион и пол Ерменци беа депортирани и масакрирани. Ние сакаме да го зачуваме споменот на жртвите за да не се изгуби тоа што се случи изјави Бајден во изјавата.

ВИДЕО | Андоновиќ: САД ја обвинуваат Турција, а Британците Кина за геноцид

По повод најавата на претседателот на САД, зборуваше и министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу.

– Изразите не ја менуваат историјата, ниту пак можам да ја препишам. Никој нема да не научи на нашата историја. Политичкиот опортунизам е најголемото предавство против мирот и правдата. Ние целосно ја отфрламе оваа популистичка изјава – напиша министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на Твитер.

Како што беше претходно најавено, овој потег се сметаше претежно како симболичен, но тоа ќе значи промена во однос на децении внимателно избран вокабулар од Белата куќа и доаѓа во време кога Анкара и Вашингтон се длабоко во спротивност за голем број прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот