Бајден го призна масакрот врз Ерменците како геноцид

Американскиот претседател Џозеф Бајден денес го призна масакрот врз Ерменците за време на Отоманската империја во 1915 година како геноцид, со што стана првиот американски лидер што ја обележа смртта на околу 1,5 милиони Ерменци со геноцид.

„Американците им оддаваат почит на сите Ерменци кои загинаа во геноцидот што започна пред точно 106 години“, рече Бајден.

Неименуван американски официјален претставник рече дека станува збор за давање пошта на жртвите и не за иницирање спор со некого, алудирајќи на Турција, која негира геноцид, пренесе агенцијата Бета. 

Околу 30 земји го признаа масакрот како геноцид, а денес е Ден на сеќавање на тие жртви во Ерменија.

Историчарите проценуваат дека 1,5 милиони Ерменци биле убиени во Отоманската империја за време и по Првата светска војна, што експертите го сметаат за прв геноцид во 20 век.

Наследникот на империјата, Турската Република, прогласен во 1923 година, негира дека станува збор за геноцид, но само жртви на граѓанска војна и немири за време на распадот на Отоманската империја, чиј број беше претеран и дека смртните случаи беа на двете страни.

Турција соопшти дека во тоа време биле убиени меѓу 250.000 и 500.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот