ВИДЕО | Андоновиќ: САД ја обвинуваат Турција, а Британците Кина за геноцид

Американскиот претседател Џо Бајден може официјално да го признае масакрот врз Ерменците во Османлиската империја како геноцид, што со сигурност ќе влијае на влошување на веќе напнатите односи на формалните сојузници во рамките на НАТО, Турција и САД.

Иако овој потег би бил во голема мерка симболичен, сепак ќе значи значи сериозна промена на политката односно прекинување на децениската практика на внимателно користење термини што доаѓаат од Белата куќа, за да не се навреди Турција.

Анкара и Вашингтон во последните години беа на релација на влошување на односите, пред се околу Сирија и обидотоза воен удар во Турција во 2016 година, зад кој нескриено Анкара ги обвинуваше САД Западните агненции шпекулираат дека американскиот претседател Бајден најверојатно ќе го употреби зборот „геноцид“ како дел од изјавата на 24 април, што го одбележува Денот на сеќавање на жртвите на ерменскиот геноцид.

Инаку се работи за злосторство постаро од еден век во кое отоманската империја во периодот од 1915 до 1918 година убива околу 1,5 милиони ерменски граѓани, и кое заради сојузништвото меѓу Турција и САД никогаш до сега не беше наречено „геноцид“ од американски претседател.

По војната во Нагорно Карабах, која ерменската заедница ја прикажува како продолжение на отоманскиот геноцид, односите со Анкара се сериозно нарушени, а Бајден, во својата предизборната кампања вети дека ќе го сврти страница во оваа крајно деликатна тема. особено поради неговата блискост со ерменската зедница во САД.

Ерменскиот геноцид над Ерменците, исто така познат во ерменската историографија како голем криминал, претставува систематско и континуирано етничко чистење, протерување и масовно убиство на припадници на ерменскиот народ во Отоманската империја за време на Првата светска војна, нарачано од тогашните османлиски власти.

Иако османлиските власти водеа континуирана политика на прогонство и депортација на ерменското население, особено во Мала Азија, од 1894 година до 1923 година, најголемиот обем на протерувања и убиства се случи во текот на 1915 година.

Според различни проценки, во ова злосторство биле убиени помеѓу 800.000 и 1.500.000 припадници на ерменскиот народ од Отоманската империја. Потомците на протераните Ерменци од Отоманската империја денес претставуваат основа на современата ерменска дијаспора расфрлана низ целиот свет. Доколку САД го наречат пргонот со терминот геноцид, значително ќе се влошат ионака кревките однси на Вашингтон и Анкара, а САД покрај сојузништвото во НАТО, мже да загубат сериозе старетшки партнер во реонот на Блискиот Исток.

Овој потег на Вашингтон може дополнително да ја доближи Турција и Ердоган во сојузништво со американскиот геостратешки ривал Русија И Британија со своја декларација го оквалификуваа третманот на кинеските власти кон над 10 милиони муслимани кои живеат во провинцијата Синџијанг како на геноцид или свесна намера за целосно или делумно уништување на оваа национална, етничка, расна и религиозна група.

Декларацијата усвоена од британските пратеници не ја принудува британската Влада да дејствува, но тоа е уште ден вид притисок од Велика Британија за кршењето на човековите права во Кина, што Пекинг континуирано го негира. Декларацијата доаѓа во време на затегнатиодноси на Кина со западот и пред се со Велика Британија околу двојниот суверенитет кој го има Хонгконг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот