Ердоган, Раиси и Путин денеска се среќаваат во Техеран

Техеран, Иран/ Фото EPA-EFE/STR

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган замина за Техеран каде денеска ќе учествува на состанок за Сирија со рускиот и иранскиот колега Владимир Путин и Ебрахим Раиси.

Како што пренесуваат турските медиуми, секоја посета на главниот град на Иран е важна. Но, овојпат, имајќи ја предвид активноста на процесите во регионот, може да се каже дека „оваа посета е од особено значење за Турција, со оглед на нејзините односи со земјите од Персискиот залив, кои во последно време се подобрени или нормализирани”.

Ердоган во Техеран прво ќе учествува на седмиот состанок на Советот за соработка Турција-Иран на високо ниво. Потоа ќе учествува на трилатералната средба со претседателите на Русија и Иран, која ќе биде посветена на Сирија.

Според прес-службата на турскиот претседател, се очекува тројцата да разговараат за актуелната ситуација во Сирија, вклучително и политичкиот процес, нацртот на новиот устав и борбата против тероризмот.

Како што е наведено, „многу важно за Турција е прашањето за враќањето на сириските бегалци, што предизвикува сериозна загриженост кај Ердоган на домашен терен поради силната огорченост дури и на сопствениот електорат против бегалците”.

Состанокот во Техеран ќе се одржи во момент на планови на Турција за вооружена интервенција во Сирија за воспоставување безбедносна зона од 30 километри.

Минатиот месец турскиот Парламент изгласа нов мандат за армијата за прекугранична операција во соседната земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот