Ердоган ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Фото: EPA-EFE/SZILARD KOSZTICSAK

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска во Будимпешта ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Ердоган во службена посета на Унгарија беше пред една година и тоа беше негова последна билатерална средба во една земја на Европска Унија, бидејќи поголемиот број европски лидери јасно покажуваат резерви кон турскиот претседател поради неговото антидемократско однесување, пред се со офанзивата во североисточна Сирија.

Но, Унгарија за разлика од другите европски држави ги прифати аргументите на Ердоган, дека офанзивата е во интерес на Европа со цел да се избегне зголемување на бројот на бегалци.

Поради посетата на Ердоган невладиниот сектор „солидарен со курдскиот народ и против примањето на диктаторот” организира протест во Будимпешта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот