Ердоган ја спасува кариерата на непожелниот светски шампион

Англискиот премиерлигаш, Арсенал, донесе одлука летово по секоја цена да се ослободи од Месут Озил. Поранешниот светски шампион со Германија, заработува 18 милиони евра годишно, но на теренот тој изгледа незаинтересирано и токму затоа „топчиите“ немаат намера повеќе да го плаќаат Озил.  Тие веќе го понудија на Наполи, Интер и на Јувентус и тоа беш обесштетување, но беа глатко одбиени.

Единствениот спас за Арсенал но и за самиот фудбалер е Турција и вицешампионот Истанбул Башакшехир. Башакшехир е клуб на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Пријателството помеѓу нив двајца му направи проблем на Озил во германската репрезентација, тој бидејќи се сликаше со Ердоган во време кога политичките односи помеѓу Турција и Германија беа на многу ниско ниво, стана непожелен во репрезентацијата.  Ердоган му беше кум на свадбата на Озил пред три недели.

Според турските медиуми, токму Ердоган им порачал на челниците на Башакшехир да направат се за да го ангажираат Озил. Медиумите шпекулираат дека претседателот вети помош од државата за да се реализира трансферот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот