„Ер Канада” ги прекинува авионските врски со САД

Авиокомпанијата „Ер Канада” синоќа соопшти дека ги прекинува авионските врски со САД, откако Отава и Вашингтон се договорија да го продолжат ограничувањето на прекуграничните патувања за дополнителни 30 дена поради пандемијата со Ковид-19.

„Ер Канада” наведе дека последните комерцијални летови помеѓу Канада и САД ќе бидат на 26 април.

Канадската авиокомпанија планира да ги обнови летовите на 22 мај доколку не се продолжат владините ограничувања.

Сите патувања што не се нужни помеѓу Канада и САД се забранети од 21 март, иако границата и понатаму е отворена за трговија.

Авиокомпанијата „ВестЏет” исто така ги стопира прекуграничните и меѓународните летови до 4 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот