Енцо Фернандез на шестата позиција помеѓу најскапите трансфери на сите времиња

Фото: EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Зимскиот преоден рок кој заврши вчера беше обележан од Челси кој потроши убедливо најмногу, а најскапиот трансфер го комплетираа во самата завршница.

Енцо Фернандез од Бенфика потпиша за „сините“ за сума од 121 милион евра и според договорот во Лондон треба да остане осум ипол години. Бенфика пред само шест месеци за него плати 15 милиони евра на Ривер Плата.

Нема сомневање дека цената на Енцо порасна волку поради неговиот одличен настап на Мундијалот. Тој стана најскапиот фудбалер во историјата на британскиот фудбал, сепак вкупно од сите првенства Енцо се наоѓа на шестото место.

На врвот се уште е Нејмар со сумата од 222 милиони евра која ја плати ПСЖ на Барселона, а зад него Килијан Мбапе кој во истиот преоден рок се пресели во ПСЖ од Монако за 180 милиони евра.

ТОП 10 НАЈСКАПИ ТРАНСФЕРИ:

1. Нејмар – 222 милиони евра (Барселона – ПСЖ)

2. Килијан Мбапе – 180.000.000 (Монако – ПСЖ)

3. Усман Дембеле – 140.000.000 (Дортмунд – Барселона)

4. Фелипе Кутињо – 135.000.000 (Ливерпул – Барселона)

5. Жоао Феликс – 127.000.000 (Бенфика – А. Мадрид)

6. Енцо Фернандез – 121.000.000 (Бенфика – Челзи)

7. Антоан Гризман – 120.000.000 (А.Мадрид – Барселона)

8. Џек Грилиш – 117.500.000 (А.Вила – М.Сити)

9. Кристијано Роналдо – 117.000.000 (Реал Мадрид – Јувентус)

10. Еден Азар – 115.000.000 (Челзи – Реал Мадрид)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот