Емилија Димитриевска, поранешна боксерка и манекенка: Манекенството е професија полна со предрасуди

Повеќе девојки токму поради предрасудите од спротивниот пол и некој вид љубомора се откажуват од своите планови, ги стивнуваат своите амбиции и се повлекуваат од манекенство.

Поради коронакризата поранешната боксерка и манекенка Емилија Димитриевска морала да откаже повеќе ангажмани, но вели дека во целата негативна ситуација бара нешто позитивно што ќе ја смени нејзината иднина. На вредносната скала од 1 до 10, манекенството кај нас го оценува со тројка. Вели дека ментално се фокусира на приватниот живот и на нејзините најблиски, а неодамна се сврши.

Манекенството во Македонија не е доволно ценета професија и полна е со предрасуди, а недостигаат критични коментари.

Што значи да се биде манекенка во Македонија? Имаш ли доволно ангажмани?

– Манекенството во Македонија не е доволно ценета професија и полна е со предрасуди, а недостигаат критични коментари. Ова се должи на многуте девојки кои сами се прогласуваат за модели и прифаќаат секакви понуди претежно за компензации. Зад една девојка која ги поседува сите атрибути да биде професионален модел, треба да стои сериозна модна агенција, која ќе се грижи за ангажманите и маркетингот. Добивам бројни ангажмани кои внимателно ги селектирам. Ги одбирам најдобрите професионални понуди од кои можам да заработам и да го истакнам најдоброто од мене. Искрено, ретки се таквите понуди. Моделството го работам од хоби, сепак тоа не е мојата прва професија, зашто во Македонија не би можела да заработувам доволно како модел.

Неодамна се сврши, колку твојот партнер те поддржува во професијата што ја работиш? Дали со евентуалниот брак би се откажала од моделството?

– Мојот партнер е современ човек кој нема предрасуди за тоа жената покрај него да биде видена во „необични“ изданија. Повеќето девојки токму поради предрасудите од спротивниот пол и некој вид љубомора се откажуват од своите планови, ги стивнуваат своите амбиции и се повлекуваат. За среќа, го немам тој проблем, напротив, мојот партнер е горд што покрај него има успешна и убава девојка и сака тоа да го покаже. Кога ќе дојде време да се реализирам како мајка, ќе направам подолга пауза и максимално ќе се посветам на мајчинството.

Mојот партнер е горд што покрај него има успешна и убава девојка и сака тоа да го покаже.

Со години тренираше бокс, зошто се откажа?

– Боксот бара многу дисциплина и откажување од многу задоволства. Многу години му се посветив, а сега сметам дека веќе не ми е место во рингот. Време е да започнам нова етапа од животот, а местото го отстапувам и го препорачувам на секоја девојка што посветено би тренирала бокс. Рекреативно се занимавам со фитнес и други спортски активности за одржување на здравјето и линијата.

Многу години му се посветив на боксот, а сега сметам дека веќе не ми е место во рингот.

Кои се твоите секојдневни ритуали за нега и како ја одржуваш фит-формата?

– Внимавам на исхраната, спортувам и пијам многу вода. Во текот на денот активна сум речиси 12 часа, не сум човек кој обожава да се излежува на домашниот тросед.

Не користам скапи креми за нега на лице и тело, за среќа, за подобриот дел се погрижила генетиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот