Емили се враќа во Париз: Обновена серијата со уште две сезони

емили во париз
Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Контроверзите настрана, иако ги имаше многу – серијата „Емили во Париз“ беше неспорен хит во втората сезона. Фановите на глобално ниво не можат да се заситат од сомнителниот избор на живот и облека на Емили Купер, па не треба да изненадува што Нетфликс штотуку нарача уште малку од тоа – уште трета и четврта сезона.

Серијата „Емили во Париз“, која ги размрда модните апетити на филмските фанови е обновена за две сезони од услугата за стриминг, што значи дека Емили е подобро да се удвои на часовите по француски бидејќи ќе престојува малку подолго од досега очекуваното во градот на љубовта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vespa (@vespa)

Обновувањето доаѓа по неизвесниот момент на крајот од втората сезона, каде Емили е принудена да одлучи дали сака да се приклучи на новата маркетинг фирма на Силви или да остане под туторство на Медлин додека тие се обидуваат да го „американизираат“ Савоар. Во последната сцена од сезоната, Емили ја повикува Силви за да ѝ каже дека донела одлука, но екранот станува црн пред самите да ја слушнеме донесената одлука.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Cooper (@emilyinparis_quotes)

Третата сезона најверојатно ќе го истражи изборот на Емили, како и сè покомплицираниот љубовен триаголник (или навистина квадрат во овој момент) помеѓу Емили, нејзиниот сосед Габриел, Камил и сега, момчето на Емили, Алфи.

Додека шоуто ќе остане сместено во Париз, продукцијата истражува некои други локации за снимање, вклучувајќи го и Лондон. Имајќи предвид дека Алфи ја заврши втората сезона со враќање во неговиот роден град и убедување на Емили да се обидат на далечина, па можеме да очекуваме дека Емили ќе се упати во Обединетото Кралство во одреден момент во третата сезона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily in Petit Paris (@emilysreve)

Настрана од тоа, не се знае многу за тоа што ја очекува Емили. Без сомнение, уште некои необични облеки благодарение на костимографката на шоуто, Патриша Филд, и се надеваме, зголемување на содржината со Силви. Освен тоа, хаотичниот живот на Емили може да биде тешко да се предвиди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот