ЕМА почна со оценување на барањето на „Фајзер“ за одобрување на вакцината кај деца

Фајзер/ Фото: EPA/JUSTIN LANE

 Европската агенција за лекови (ЕМА) почна со оценување на барањето на германската фармацевтска компанија „БиоНТек“ и американската лабораторија „Фајзер“ за одобрување на употребата на нивната вакцина против ковид-19 кај деца на возраст од 12 до 15 години.

ЕМА ќе изврши забрзана проценка на податоците, доставени од Фајзер и БиоНТек, а се очекува одлуката да биде донесена во јуни, во случај да не им бидат потребни дополнителни информации.

Според податоците на производителите, вакцината е 100 отсто ефикасна кај децата.

Спроведено е истражување во кое участвувале 2.000 адолесценти, во кое се покажало дека вакцината е безбедна и ефикасна. Децата ќе продолжат да ги набљудуваат уште две години со цел долгорочна заштита и безбедност.

Вакцината на „Фајзер“ и „БиоНТек“ моментно е одобрена за употреба кај лица на возраст над 16 години.

Повеќето вакцини против коронавирусот кои ги одобриле властите низ светот се наменети за возрасни кои се во поголема опасност, но здравствените власти веруваат дека вакцинирањето на децата од сите возрасни групи ќе биде пресудно за спречување на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот