Елмас одличен и против Барса, Наполи загуби во финишот (ВИДЕО)

facebook.com/SSCNapoli/

Тоа беше првиот од двете закажани пријателски средби меѓу Наполи и Барселона во САД, а нов одличен настап за италијанскиот вицешампион имаше Елиф Елмас.

Македонскиот репрезентативец Елмас покажа добри перформанси и против каталонскиот гигант во чии редови поради повреда не настапи првата ѕвезда Лионел Меси.

Нашиот интернационалец беше заменет од Гаетано во 57 минута од средбата. Поведе шпанскиот првак со голот на Бускетс (38`), а четири минути подоцна Умтити си постигна автогол.

Непосредно пред да биде заменет, Елмас доби незгоден удар од Бускетс, па мораше брзо да реагира лекарскиот тим, но се надеваме ништо не е посериозно.

После откако беше заменет Елмас, следуваше ново водство за Барса, поточно во 79 минута Хрватот Ракитиќ го обезбеди триумфот.

Двете екипи за време на турнејата на американскиот континент ќе одиграат уште еден меѓусебен пријателски меч кој е закажан за ноќта меѓу 10 и 11 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот