
Последните случувања во Наполи и „војната“ на релација Аурелио Де Лаурентис – фудбалери, го исцрпија претседателот на клубот кој е подготвен дури и да дигне раце од него.
Според англискиот весник „Дејли меил“, Де Лаурентис одлучил да го продаде Наполи, по што веќе пристигнала првата понуда, и тоа од Катар. Според весникот станува збор за кралското семејство Ал Тани, кои се сопственици и на францускиот шампион ПСЖ.
Понудата која неименуван член на семејството Ал Тани, ја упатил до Де Лаурентис изнесува 560 милиони евра. Оваа информација ја пренесоа и италијанските медиуми кои одат и чекор понатаму и тврдат дека Де Лаурентис дефинитивно ќе го продаде Наполи, а се очекува првичните преговори да стартуваат по репрезентативната пауза.
Семејството Ал Тани се сопственици на ПСЖ, а во минатото и на шпанската Малага, но нивна желба е да влезат во Серија А. Тие изминатото лето се обидоа да ја купат Рома, но нивниот обид беше неуспешен.
Аурелио де Лаурентис е сопственик и на уште еден италијански клуб, третолигашот Бари. разговори се очекува да почнат најдоцна до крајот на овој месец.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.