Никој не позира во бикини како Елизабет Харли. Славната актерка има своја линија на костими за капење кои редовно ги рекламира, додека обожавателите ги изненадува со својата фит-линија.
За новата фотографија, таа избра маслинеста боја бикини и розова облека, а нејзиното тело повторно е во центарот на вниманието. Имено, многумина не веруваат дека таа веќе наполни 55 години бидејќи нејзиното тело е затегнато како она на дваесетгодишна девојка.
Тајните на нејзината линија се прилично едноставни. Таа обрнува внимание на нејзината диета и избира свежа и органска храна, нејзините вежби се прошетки со кучињата, повремено пилатес и медитација, а чучњеви прави додека ги четка забите или готви ручек. Утрото, на празен стомак, таа пие чаша топла вода со лимон, за која тврди дека има корисен ефект врз нејзиното варење, а потоа посегнува по грчки јогурт, мед и банана.